• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Во Клиника Жан Митрев успешно опериран 31-от пациент со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето

1 април 2023, 13:01
  • cподели

Докторскиот тим предводен од д-р Жан Митрев успешно го спроведоа оперативниот зафат познат и како „механичко срце“ за решавање на левокоморна хронична срцева слабост.

Кај пациентот со терминална коронарна болест, каде заради долгогодишно лекување имаше голема слабост на срцевиот мускул, беше вградено таканаречено „механичко срце“, при што беше ставена специјална пумпа што останува во организмот на пациентот и ја заменува работата на срцето. Пациентот после ваквиот оперативен зафат се чувствува добро и следи постоперативно заздравување.

Жан Митрев

„Оваа операција е потребна за пациентите кои се соочуваат со срцева слабост што е долгoтрајна состојба која се влошува со текот на времето. Настанува кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа доволна количина крв потребна да ги задоволи барањата на телото за нормално функционирање. Честа е и кај помлади пациенти, но со овој метод и овој оперативен зафат тие може да продолжат да живеат. Заради зачестеноста на ова заболување, оперативниот зафат со вградена механичка циркулаторна потпора на срцето е често практикуван метод и засега е единствено долгорочно решение што овозможува продолжување на животот за тешко болните пациенти“, истакна д-р Митрев.

Жан Митрев Жан Митрев

Овој оперативен зафат е еден од покомплексните. Во Клиниката Жан Митрев се спроведува веќе 6 години, при што досега се направени 31 вакви интервенции.

Срцевата слабост може да биде акутно настаната и таа вообичаено се повлекува после адекватен и навремен третман, но може да помине во хронична или пак да заврши фатално. Доколку срцевата слабост не се препознае, дијагностицира и третира адекватно, води кон трајно оштетување на срцето, лош квалитет на живот и чести болнички лекувања.

Видео

Комерцијален текст

Tags
Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.