• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Внуката на Дац прослави прв роденден, родителите објавија слатки фотографии од забавата

19 мај 2026, 14:30
  • cподели

Драган Спасов-Дац се радува со своето семејство. Неговата помала внука Зои наполни една година, а овој специјален ден беше одбележан со мала прослава во кругот на најблиските.

63-годишниот пејач објави две фотографии, заедно со пораката: „Среќен први роденден најмила Зои!“. 

Родителите на слатката славеничка, Јаков и Софија, објавија роденденски албум со фотографии.

Забавата се одржа во коњички клуб и тортата на малата Зои беше украсена со мотиви од коњчиња.

„Неизмерно благодарни за секоја честитка, секоја прегратка и секој убав збор за нашето мало блесоче. Каков нереално убав ден беше ова… Фала ви на сите што бевте дел од првиот роденден на Зои и што го направивте овој ден уште поволшебен“ – напиша мајката Софија.

Говорејќи за мајчинството, во интервју за Фемина, Софија неодамна ни рече: „Искрено, на некој начин ми е полесно со две деца отколку што ми беше со едно. Можеби звучи чудно, но со доаѓањето на второто дете, многу работи ми станаа појасни и полесни. Со две деца си ги намалив очекувањата на нула – хаха – и тоа ми донесе огромно олеснување.“

„Ја тргнав илузијата дека нешто мора: дека мора секогаш да има зготвен ручек, дека мора дома да биде совршено средено, дека мора да се стигне насекаде и дека јас морам сè да постигнам. Кога го тргнав тој притисок, мајчинството стана многу пореално и многу поподносливо.“

Tags
Драган Спасов-Дац
Јаков Спасов

Најнови

  • Balea

    Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm

    Fri, 07/17/2026 - 22:52
  • „Јас сум богата жена, не постои поголемо богатство од тоа кога се раѓаат внуци“: Првата изјава на Цеца по раѓањето на внучето Илијан

    Fri, 07/17/2026 - 14:57
  • Љубов на планина: Моника Црнокрак со дечкото Виктор Петров уживаат во планинска идила сред лето

    Fri, 07/17/2026 - 14:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.