• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“: Оригиналните изведувачи се враќаат на сцената за 30 години „СИ-ДО“

22 април 2026, 18:50
  • cподели
СИ-ДО

Триесет години музика, спомени и силни емоции ќе бидат крунисани на 7 мај во Центарот за култура во Битола, со спектакуларен свечен концерт посветен на големиот јубилеј на фестивалот „СИ-ДО“.

30-тото издание носи непроценлива вредност, бидејќи на сцената ги враќа оригиналните изведувачи на најголемите фестивалски хитови. Некогашните детски ѕвезди, денес возрасни луѓе, ќе ги испеат композициите кои оставија длабока трага во музичкото растење на повеќе генерации. За овој настан да добие вистинска грандиозност, сите изведби ќе бидат придружувани во живо од Оркестарот „DIVA“, што ветува музичко доживување со нова енергија.

Публиката ќе има привилегија во еден глас да ги пее антологиските „Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“, „Како ли јас да пораснам“, „Ема“, „Софи, Софија“ и многу други. Ова се песни кои одамна ги надминаа границите на фестивалската сцена и прераснаа во вистински музички белег на едно време.

Концертот на 7 мај е неповторлива можност да прославиме музика што поврзува генерации и создава спомени за цел живот.

Билетите може да се набават онлајн на yournextevent.info, во Тобако Димпо и на билетарницата во Центарот за култура – Битола.

Tags
Си-До

Најнови

  • СИ-ДО

    „Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“: Оригиналните изведувачи се враќаат на сцената за 30 години „СИ-ДО“

    Wed, 04/22/2026 - 18:50
  • СИ-ДО

    Три децении детски насмевки и музичка магија: „СИ-ДО“ го најавува своето 30. јубилејно издание полно со изненадувања

    Wed, 04/22/2026 - 18:45
  • Прв до врв

    Сите на Водно на 17 мај – следува најмасовниот Sparkasse Life Прв до врв

    Wed, 04/22/2026 - 15:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.