• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Викторија Коцева со „Тој ми треба“ смело влегува на македонската музичка сцена

3 јуни 2026, 00:22
  • cподели
Викторија Коцева

Викторија Коцева направи голем чекор на нашата музичка сцена. Младата девојка ја објави својата прва авторска песна „Тој ми треба“.

Зад проектот стојат добро познати имиња. Музиката, аранжманот и продукцијата се дело на Димитар Андоновски, додека текстот го потпишува Маја Андоновска Илијевски.

Паралелно со песната е објавен и професионален видеозапис во продукција на 77 Entertainment. Концептот го потпишуваат Андреј Папаз и Бобан Русески, камерата и монтажата се дело на Никола Марковски, а колор корекцијата ја изработи Стефан Ѓорѓиевски.

Видео

Иако за пошироката публика можеби е ново лице, Викторија веќе неколку години е дел од кабаретскиот ансамбл на Gold Felicia, каде стекнува значително сценско искуство преку бројни настапи пред публика.

Нејзината приказна започнува преку танцот. Имено, таа има завршено модерен танц во класата на Рисима Рисимкин, по што професионално се занимава со танцување. Со тек на времето, љубовта кон музиката и желбата за сценски израз ја насочуваат и кон пеењето.

Пред еден месец Коцева потпиша професионален договор со продукциската куќа 77 Entertainment, која ќе биде задолжена за нејзиниот понатамошен музички развој.
 

Tags
Викторија Коцева
Димитар Андоновски
77 Entertainment
македонска музика

Најнови

  • Викторија Коцева

    Викторија Коцева со „Тој ми треба“ смело влегува на македонската музичка сцена

    Wed, 06/03/2026 - 00:22
  • ФОТО: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се забавуваат заедно, врската им станува посериозна

    Tue, 06/02/2026 - 22:04
  • Татјана Стојановска дама во црвено на 55-тиот роденден на сопругот Михаил

    Tue, 06/02/2026 - 20:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.