• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Викторија Бекам атрактивна во едиторијал за „Вог“ Австралија

8 август 2024, 10:35
  • cподели

Викторија Бекам сними едиторијал за „Вог“ Австралија.

50-годишната дизајнерка изгледаше атрактивно во креации од разни брендови, додека беше фотографирана од фотографот Дан Џексон.

Покрај модни парчиња од сопственото ателје, Викторија позираше и во креации од Prada, Alaia, Duran Lantik, Burberry и Supriya Lele.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

За списанието, Бекам беше интервјуирана од Никол Кидман и зборуваше за почетоците на дизајнерската кариера и за приватниот живот.

„Отсекогаш ми беше страст да бидам во светот на модата и убавината. Да, очигледно бев во Spice Girls. Презедов ризик, а имаше и невиност и наивност. Да го знаев тогаш она што сега го знам, можеби немаше да имам храброст да го направам тоа, но навистина не знаев ништо за индустријата. Влегов во светот на модата на многу искрен, скромен начин. Сакав само да создавам облека која што не можев да ја пронајдам за себеси... И сега, 17 години подоцна, горда сум што можам да кажам дека модата сама по себе е профитабилна, а огромно достигнување е што можам тоа да го кажам за независен бренд“ – рекла таа.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Викторија зборуваше и за бракот со Дејвид и за славењето на 25-годишнината од нивната свадба.

„Тоа е големо постигнување. Се разбудивме утрово и рековме: ‘Толку сме горди на децата, тие се прекрасни, љубезни, мили, смешни и вредни млади личности’. Многу е тешко да го постигнеш тој баланс. Многу се борев додека беа малечки. Никогаш не сме имале голем тим на вработени. Имаме дадилки и ги имаме нашите родители, кои се одлични. Но, сепак се чувствуваш како да жонглираш. Беше доволно да бидеш мајка, сопруга и да се посветиш на исполнување на твоите соништа и работата. Но, децата ќе пораснат и ќе одлетаат од гнездото, следејќи ги своите страсти. Сега, јас и Дејвид сме во следното поглавје. Дури и Харпер, која има 13 години, има другарки и сака да прави свои нешта“ – признала Викторија.

Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Најнови

  • „Тие ми те зедоа од раце, ама никогаш нема да ми те земат од душата“: Трогателен текст на мајката на Ивона која загина во „Пулс“

    Wed, 12/17/2025 - 23:55
  • Меланија Трамп

    Гламурозен пат до Белата куќа: Првиот трејлер за „Меланија“ – документарниот филм за Меланија Трамп

    Wed, 12/17/2025 - 18:21
  • Празнична магија го обзеде Куманово, градот блесна во новогодишен сјај

    Wed, 12/17/2025 - 16:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.