• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Видов ЛУЃЕ кои им помагаат на други ЛУЃЕ“: Бугарин кој донирал крв за повредените во пожарот со силна порака

19 март 2025, 12:28
  • cподели

Хуманоста не познава граници, пол, народност, статус...

Деновиве сите си докажавме дека ЛУЃЕТО, оние со голема душа и срце, се насекаде.

Бугарин, кој донираше крв за повредените во пожарот во Кочани, раскажа за позитивното искуство кое го имал во болниците низ Софија. Никола Рахнев сподели дека видел толку многу ЛУЃЕ низ ходниците кои чекале за да даруваат крв за Македонците кои се лекувааат во Бугарија, што срцето му се исполнило со гордост.

Еве го неговиот текст и фотографиите:

Никола Рахнев Никола Рахнев

Почувствував гордост од Бугарите, се насмевнав и почувствував благодарност, длабока и човечка, кога сфатив дека во ходникот на НЦТХ (Националниот центар за трансфузиона хематологија) има стотици ЛУЃЕ, кои дојдоа да даруваат крв за трагедијата во Кочани...

Така беше и во „Пирогов“ и таму стотици ЛУЃЕ - ги видов од директниот пренос...

Уште вчера решив дека денес ќе дарувам крв, па по емисијата отидов во Националниот центар за проучување на трансфузија на крв, бидејќи видов дека има многу луѓе во „Пирогов“.

Плачев. Плачев поради тешките приказни на луѓето кои го загубија своето единствено дете, плачев за таткото кој отиде да слави затоа што тој ден му се роди бебе и никогаш нема да го види... Плачев за десетиците деца кои загинаа, за тагата на родителите...

И кога отидов во НЦТХ, кога влегов, кога од вратата видов ЛУЃЕ, лево-десно во ходникот - ЛУЃЕ, и ми стана убаво, еј, нешто ме фати за грлото, од човештина...

Почекав малку, но редицата не се помести и како човек кој постојано бара решенија, излегов и се јавив во крводарителскиот центар ВМА да прашам дали има луѓе и ми рекоа дека има само двајца. Прашувам: „Дали може да се донира за Кочани?“, „Може, да“ – вели госпоѓата.

Не размислував ниту една секунда, влегов и вреснав: „Во Центарот за крводарителство на ВМА има само двајца, примаат за Кочани. Тргнувам натаму со автомобилот, имам 4 места, ако има и други лица со автомобили...“

И кога се раздвижи редицата, тргнавме 30-40 луѓе, можеби и повеќе, ги зедовме луѓето без автомобили и сите се упативме кон ВМА.

По патот разговаравме. Во мојот автомобил имаше акушерка Бугарка, две студентки од Македонија кои учат овде, една госпоѓа судија од судот во Ќустендил и јас. Различни професии, возрасти, националности, но на ниво на човештина - сосема исти. Зборувавме за тагата, за луѓето, за болката, за корупцијата, за превенцијата... За човечкото.

И повторно ми беше гордо и убаво! Од овие 4-ри дами...

Воено-медицинската академија има совршена организација, но сепак се чека - тоа е процес, потребно е време. Ја собравме групата и доаѓаат нови луѓе, донесоа и ЛУЃЕ од „Пирогов“ со комбиња (им кажавме) и разговараме, се смееме, чекаме, среќни сме што можеме да помогнеме.

А сме секакви ЛУЃЕ. Дојде одбојкар од Левски, маж од Германија, четворица Македонци од Скопје со часови возеле за да дојдат да даруваат, мајка со мало дете, брат и сестра, други - го вратија братот затоа што имаше низок притисок, отиде јадеше, пиеше кафе и пак дојде – не се откажува. Шеф на една државна структура - чека со сите - ЧОВЕК и секакви други ЛУЃЕ...

Три „дијаманти“, со ретка крвна група А-, толку вредна и неопходна, чекаат да донираат и тие.

И чекаме долго, но сите се радуваме што сме таму, што можеме да помогнеме, и доаѓаат ЛУЃЕ, ЛУЃЕ, ЛУЃЕ... и чекаат и тие се радуваат...

И сите дониравме и постојано доаѓаа ЛУЃЕ, ЛУЃЕ, ЛУЃЕ...

И сега пишувам и плачам, плачам од гордост, од ЧОВЕШТИНАТА на ЛУЃЕТО што имав чест да ги видам денес и оние коишто не сум ги видел!

Се гордеам со Вас, се поклонувам до земја и Ви благодарам што Ве има!

Никола Рахнев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.