• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

ВИДЕО: Верно куче не го напушта својот фатално повреден пријател

16 април 2012, 13:54
  • cподели

Кучињата се добро познати по својата верност. Во изминативе неколку дена милиони луѓе се восхитуваа на приказната за верниот црн лабрадор кој не го напуштал телото на фатално повреден златен лабрадор на средина на прометна улица.

Случаен возач ги забележал двете кучиња на патот и веднаш видел дека повредите на главата на златниот лабрадор се фатални. Женскиот црн лабрадор храбро седел до својот пријател и покрај тоа што до нив постојано поминувале автомобили. Минувачот поставил конуси за да им сигнализира на останатите возачи да внимаваат и со својот мобилен го снимил тажното храбро куче.

Верно куче

„Кога го видов видео клипот снимен со мобилниот телефон на минувач, се растажив“ – изјавила Марсија Маједа, директор на засолништето за животни во Болдвин парк.

Кучињата веднаш биле тргнати од прометната улица и одговорните служби го опсипале црното куче со љубов.

„Ги зедовме двете кучиња и храброто куче, кое нашиот персонал и доброволците го крстија Грејс, ќе биде дадено на посвојување“ – дополнила таа.

Грејс веќе е посвоена од сопственик кој имал потреба од толку лојален пријател.

Tags
верно куче
куче

Најнови

  • Промената на снабдувач со електрична енергија е полесна отколку што мислите

    Thu, 07/30/2026 - 15:54
  • Самоуверена и насмеана: Хајди Клум ја слави природната промена на телото

    Thu, 07/30/2026 - 13:24
  • „Ако жените можат да го разберат фудбалот...“: Објава со Ерлинг Халанд за менструалниот циклус стана вирален хит

    Thu, 07/30/2026 - 11:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.