• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

ВИДЕО: Незаборавни хитови од Драган Каранфиловски-Бојс, кој почина денес

28 мај 2015, 14:10
  • cподели

По долго боледување, почина македонскиот музичар Драган Каранфиловски-Бојс.

Тажната вест ја објави неговата ќерка, Верица Каранфиловска, која на Facebook сподели негов настап со „Опасно сум вљубен во тебе“ со пораката: „Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!“

Драган Каранфиловски-Бојс

Талентираниот гитарист, пејач и композитор ја започна својата кариера во 1973 година со групата „Македонија“, но најголемите успеси ги постигна со „Мадригали“. Зад себе остави многу хитови меѓу кои „Валерија“, „Опасно сум вљубен во тебе“, „Лулај ме нежно“ и „Весела романтика“, а неговиот потпис стои на многу детски хитови како „Наташа од трето три“, „Ало амбуланта“ и „Марија на Бундеви“.

Минатата година тој ја прими наградата за трајни вредности на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Потсетете се на неколку од неговите најголеми хитови:

„Опасно сум вљубен во тебе“

„Бели нарциси“

„Валерија“

„Валерија“ на Златна Бубамара на популарноста 2014

„Парижанка“

„Лулај ме нежно“

Tags
Драган Каранфиловски-Бојс

Најнови

  • Green Coast го носи Nammos Hotels & Resorts во Албанија: Нова lifestyle дестинација се создава на албанската ривиера

    Fri, 08/07/2026 - 16:31
  • Шпанскиот заводник се заљуби: Марио Касас со девојката Мелиса Пинто на патување во Намибија

    Fri, 08/07/2026 - 14:48
  • Намалување на штетите: помал ризик како реален чекор кон промена

    Fri, 08/07/2026 - 14:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.