• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ВИДЕО: Мајка го слуша за првпат гласот на 8-годишниот син

6 февруари 2013, 14:16
  • cподели

По стотиците тажни вести со кои сме бомбардирани секојдневно, сториите со среќен крај секогаш се добредојдени за да нè потсетат на убавата страна на животот.

Доун Ким постепено започнала да го губи слухот пред 15 години поради генетско заболување. 43-годишната мајка од Тексас мислела дека никогаш повеќе нема да го слушне гласот на своите деца.

Но, надежта дека ќе излезе од светот на тишината ѝ се обновила во ноември минатата година, кога од шоуто „The Doctors“ ѝ понудиле операција за враќање на слухот.

Доун и малиот АшерДоун и малиот Ашер

Откако во Лос Анџелес ѝ бил вграден кохлеарен имплант, бил снимен емотивниот момент кога Доун за првпат го слуша гласот на својот 8-годишен син Ашер.

„Сега таа конечно може да ме слуша и веќе не сум безгласен“ – вели малото дете по средбата со мајка си.

Пред една година милиони лица останаа со широка насмевка поради реакцијата на двегодишниот Купер кој за првпат го слушна гласот на својата мајка.

Tags
слух
стории

Најнови

  • Ен Хетавеј

    „Бејби, твоја сум“: Ен Хетавеј со шармантно видео објави дека на 43 години го очекува третото дете

    Fri, 06/19/2026 - 19:10
  • „Ни помогнавте да го оствариме нашиот сон“: По 18 години борба со неплодност, се роди Богдан

    Fri, 06/19/2026 - 15:37
  • Александра Пријовиќ со децата

    Александра Пријовиќ за првпат ја покажа куќата во која порасна во спотот за „Vreme prolazi“ во кој се и нејзините деца

    Fri, 06/19/2026 - 14:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.