• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

ВИДЕО: Емотивна прва средба на две пријателки родени со по една рака

8 ноември 2013, 17:57
  • cподели

Осум години Сара и Пејџ негувале неверојатно пријателство, иако никогаш се немале сретнато лице в лице. На почетокот двете девојки ги поврзувало само едно нешто – секоја била родена со нецелосно оформена лева рака. Но, како што минувало времето, нивното пријателство станувало сè посилно, и покрај тоа што биле раздвоени од 13.000 километри (едната живее во Индијана, САД, а другата во Нов Зеланд).

Нивната приказна започнала уште додека Сара не била родена. Нејзината мајка во бременоста дознала дека малата Сара ќе биде родена со нецелосна лева рака, па преку интернет се обидела да пронајде семејство кое се соочува со истата ретка здравствена состојба. Така го пронашла семејството на Пејџ.

Родителите на двете девојки долги години разменувале писма и фотографии. Кога Пејџ и Сара пораснале, започнале да градат силно пријателство преку мејлови, телефонски повици и Skype. Набрзо тие започнале да споделуваат сè една со друга – модни совети, совети за олеснување на животот, работи за кои не им било лесно да разговараат со другите пријатели.

Откако од Skype слушнале за Сара и Пејџ, одлучиле не само да ја раскажат нивната приказна, туку и да им исполнат една голема желба – првата средба. Погледнете го емотивното видео:

Tags
стории
пријателство

Најнови

  • Дејана Бачко со семејството

    Девојката со крилја ќе добие второ дете: Инспиративната Србинка родена без раце објави дека е бремена

    Sat, 02/21/2026 - 17:00
  • Сонуваме Менуваме

    Музичко-театарскиот спектакл „Музичка beat-ка“ доаѓа и пред скопската публика

    Fri, 02/20/2026 - 19:24
  • Peaky Blinders: The Immortal Man

    Томи Шелби се враќа: Трејлерот за филмот „Peaky Blinders: The Immortal Man“

    Fri, 02/20/2026 - 18:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.