• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Веро со ново работно време од 8 до 19 часот и со повластен термин за пазарување за ранливите категории од 8 до 9 часот

22 март 2020, 17:45
  • cподели

Согласно најновата мерка за ограничување на движењето на граѓаните што вчера ја донесе Владата, Веро воведува ново работно време од 8 до 19 часот секој ден. Дополнително, Веро воведува и повластен термин во денот за пазарување во кој приоритет за влегување во маркетот и на каса ќе имаат пензионери, бремени жени, инвалидизирани лица, за да им овозможи поголема заштита на најранливите категории граѓани и да се избегне нивното изложување на поголем ризик.

Веро

„Безбедноста на потрошувачите и на нашите вработени е наш највисок приоритет. Вложуваме максимални напори сите потрошувачи да се чувствуваат добредојдени и безбедни во нашите маркети и сакаме да им овозможиме во секое време да се снабдат со сите неопходни производи за нивните потреби. Воедно апелирам на совесност и разбирање од страна на помладите потрошувачи во наведениот термин да им дадат предност на ранливите категории потрошувачи на кои помошта и поддршката во овие моменти им е најпотребна“, вели Петар Денковски, генерален директор на Веро

И покрај скратеното работно време, Веро маркетите продолжуваат нормално да функционираат. Во маркетите има доволно залихи од основните производи, а редовното снабдување се одвива без никаков застој во соработка со добавувачите. Хигиенската превенција се одржува на највисоко ниво така што маркетите комплетно се чистат секојдневно, а во текот на денот постојано се дезинфицираат количките и корпите за пазарување, просторот кај касите, полиците и останатите најизложени делови од маркетите.

Веро обезбеди гелови за дезинфекција и заштитни ракавици за сите потрошувачи кои се поставени на влезовите, низ маркетите се поставени известувања за потрошувачите за поголема безбедност, а означени се и места за стоење на препорачаното безбедно растојание од 2 метра.

Веро

Менаџментот на Веро будно ги следи сите препораки, секојдневно соработува со надлежните државни институции и ги презема сите потребни мерки за да им излезе во пресрет на очекувањата на потрошувачите во новонастанатата кризна ситуација.

Tags
Веро

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.