• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Веро е прогласен за најдобар супермаркет за 2021 година

17 декември 2021, 14:13
  • cподели

Град Скопје го прогласи Веро за најдобар супермаркет за 2021 година, во рамки на традиционалната манифестација „Месец на трговијата“ на која градските власти во соработка со агенцијата SWOT Research ги избираат најдобрите трговски објекти во осум категории.

Веро ја доби првата награда во категоријата супермаркети. Оваа награда се доделува според оценките на независни и објективни тајни купувачи, кои во текот на ноември ги посетуваа трговските објекти и го оценуваа квалитетот на услугата што тие ја нудат според однапред утврдени критериуми. Различни тајни купувачи имаа три посети на супермаркетите, при што го оценуваа изгледот на продажното место, првиот контакт со вработените, спроведување на ковид-19 заштитните мерки, услугата кон купувачите, продажните вештини на вработените, завршниот контакт со купувачите и генералното задоволство од купувачкото искуство. Веро доби највисоки вкупни оценки во сите категории, со што го освоија првото место пред останатите оценувани супермаркети.

Веро

Плакетата за најдобар супермаркет ја прими генералниот директор на Веро, Петар Денковски од претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Денковски им се заблагодари на потрошувачите за нивната доверба во Веро и за долгогодишната лојалност кон овој бренд.

Град Скопје го прогласи Веро за најдобар супермаркет за 2021 година, во рамки на традиционалната манифестација „Месец на трговијата“ на која градските власти во соработка со агенцијата SWOT Research ги избираат најдобрите трговски објекти во осум категории.

Веро

„Кога Веро како бренд првпат се појави на македонскиот пазар, си поставивме цел дека секогаш на потрошувачите ќе им овозможуваме врвна услуга во секој сегмент. Ова признание за нас е најдобар показател дека сме ги оствариле зацртаните цели и сме успешни во нашата мисија која трае веќе 25 години. Дури и во време на пандемија успеавме да го одржиме највисокото ниво на услуга и безбедност, за што е заслужен целиот тим на Веро. Постојано ги следиме најновите светски трендови во малопродажбата и ги имплементираме во нашето работење со цел на потрошувачите да им овозможиме врвно шопинг-искуство, најквалитетна услуга и најголем избор на производи. Продолжуваме да ја градиме нашата успешна приказна заедно со нашите ценети потрошувачи“ – изјави Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Манифестацијата „Месец на трговијата“ годинава се одржа по 15. пат. Нејзината цел е да го истакне значењето на квалитетот на услугите кон потрошувачите, како и да го подигне нивото на квалитет во трговските објекти во Скопје.

Комерцијален текст

Tags
Веро

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.