• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Веро донира производи од 1 милион денари за Клиниката за инфективни болести во Скопје

17 април 2020, 09:44
  • cподели

Веро донира производи во вредност од 1 милион денари за Клиниката за инфективни болести во Скопје со цел да ги зајакне капацитетите на оваа институција која е една од најангажираните здравствени установи од почетокот на кризната состојба со коронавирусот.

Донацијата на Веро се состои од хигиенски производи, средства за дезинфекција и други производи кои во моментов ѝ се најпотребни на Клиниката, како и здрава храна, витамини и освежителни пијалаци за медицинскиот персонал кој вложува максимални напори за лекување и грижа за хоспитализираните лица. Оваа донација Веро ја обезбеди во соработка со своите добавувачи, а доставувањето го организира во координација со кризниот штаб при Министерството за здравство за да им помогне на државните институции во справувањето со здравствената криза.

Веро

„Како компанија која повеќе од 20 години е присутна на македонскиот пазар, секогаш им излегуваме во пресрет на институциите и граѓаните кои имаат потреба од помош и поддршка. Донацијата за Клиниката за инфективни болести ја доставуваме во време кога нашиот здравствен систем се соочува со многу сериозен предизвик, а капацитетите на оваа здравствена институција се максимално оптоварени и изложени на притисок. Дополнително со нашата донација, во духот на велигденските празници сакаме да им се заблагодариме на здравствените работници за тоа што максимално се ангажираат на своите работни места грижејќи се за здравјето на сите граѓани“ – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Компанијата и во иднина ќе продолжи да помага со своите капацитети во справувањето со здравствената криза и да им пружа поддршка на институциите во земјава. Веро будно ги следи состојбите и ги презема сите неопходни мерки со цел да го спречи ширењето на вирусот и максимално да ги заштити своите потрошувачи и вработените, а притоа да овозможи различни начини за континуирано и непречено снабдување на потрошувачите со потребните производи.За таа цел, изминатиов период Веро воведе неколку нови услуги за брзо и безбедно снабдување на своите потрошувачи, како што се телефонска нарачка на производи и свежо месо и нивна испорака до домовите на граѓаните во периодот кога важат мерките за ограничено движење и услугата Vero Drive за онлајн нарачки на производи кои подготвени се подигнуваат од Веро центар.

Tags
Веро

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.