Вереницата на Кристијано Роналдо пресреќна што присуствуваше на премиерата на документарецот за Меланија Трамп во Белата куќа
Џорџина Родригез беше меѓу одбраните гости кои присуствуваа на ексклузивната премиера на документарниот филм „Melania“, одржана во Белата куќа.
Вереницата на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо не криеше колку е среќна поради тоа искуство и на социјалните мрежи ги сподели своите импресии од настанот:
Колку сум среќна што имав можност да присуствувам на премиерата. Искуство кое беше подеднакво импресивно и инспиративно. Честитки за филмот, Меланија – напиша таа.
Настанот беше затворен за јавноста, со околу 70 ВИП гости од светот на политиката, бизнисот, модата и шоу-бизнисот. Меѓу присутните беа кралицата Ранија од Јордан, извршните директори на Apple и Amazon, легендарниот боксер Мајк Тајсон, како и други влијателни личности.
Countdown: 5 Days
MELANIA
1.30.26
Only In Theaters
*Worldwide* pic.twitter.com/6wQME7flTB— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) January 26, 2026
Документарецот „Melania“, финансиран од Amazon, го следи животот на Меланија во период од 20 дена, од претседателската кампања во 2025 година до Денот на инаугурацијата.
Филмот, чија национална премиера е закажана за 30 јануари, е режиран од Брет Ратнер и нуди интимен поглед во личните и јавните моменти на Првата дама на САД.
MELANIA, the film, exclusively in theaters worldwide on January 30th, 2026. pic.twitter.com/n2kloQ4JwW
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) December 17, 2025