• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Венко Филипче: Два нови смртни случаи и 16 заболени од коронавирус

29 март 2020, 10:45
  • cподели

Коронавирусот зеде уште две жртви во нашата држава. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека има два нови смртни случаи.

Станува збор за највозрасниот пациент кај нас кој имаше 91 година и беше хоспитализиран 8 дена и пациент од Скопје на 31-годишна возраст чија клиничка слика била многу тешка и вчера бил поставен на респираторна машина.

Во изминатово деноноќие имаме 16 нови дијагностицирани случаи. Со тоа, бројот на заболени се искачи на 257.

Заболени од КОВИД-19

За период од 2-3 дена, потенцијално 7 пациенти ќе може да бидат пуштени на домашно лекување.

„Ние сме сè уште во еден вид форма на војна со КОВИД-19. Сакам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв, донесе несигурност кај сите од нас. Пред нас е најтешкиот период. Период во кој бројот на заболени расте, ќе расте во светот, ќе расте и кај нас. Ни претстои, за жал, период во кој ќе расте и бројот на починати. За ова мораме сите да бидеме свесни.“

„Денеска имаме и еден млад човек којшто почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој. Никој не е имун, ниту не е заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест. Сите оние кои досега можеби не беа убедени во опасноста од вирусот, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана, дека навистина мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа. Нема да биде лесно, затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме максимално претпазливо и одговорно, заради тоа што успехот во оваа борба зависи од секој еден од нас“ – рече министерот.

Tags
коронавирус

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.