• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слободно време

Велигденски идеи кои ќе ве инспирираат да го разубавите домот

18 април 2014, 14:42
  • cподели

Во секој дом започнаа подготовките за големиот празник Велигден. За што повесела празнична атмосфера, покрај традиционалното бојадисување на јајца, се разубавува домот и со велигденски украси, а трпезата се збогатува со декорирани јадења.

Облечете го домот во велигденското руво, црпејќи инспирација од следниве идеи.

Цвеќе во лушпа од јајце

Велигденски идеи Велигденски идеи

Поканете ја пролетта и празничната еуфорија во вашиот дом со цвеќиња во лушпа од јајце. Лушпата може да ви послужи како минијатурна саксија или вазна. На живо јајце направете му дупка во горниот дел и испразнете го. Ако засадувате цвеќе, наполнете го со земја, а ако го користите само како саксија, налејте малку вода. Поставете го во лушпата омиленото цвеќе.

Декоративни свеќички во лушпа

Велигденски идеи Велигденски идеи

Создајте свеќички од лушпа кои ќе бидат одлична декорација на вашата трпеза овој Велигден. Испразнете ги јајцата, измијте ги лушпите во кои сакате да правите свеќи и бојадисајте ги во омилените бои. Или ставете мала свеќичка во нив, или прицврстете на нивното дно мал фитил и наполнете ги со стар растопен восок.

Чоколадни јајца

Велигденски идеи Велигденски идеи

Кој не го сака прекрасниот вкус на чоколадото? Изненадете ги најблиските со чоколадни јајца полнети со омилениот фил или овошје.

Земете неколку мали балони, измијте ги убаво, избришете ги, а потоа надујте ги. Растопете чоколадо и потопувајте ги балоните еден по еден во него. Колку е чоколадото погусто, толку подобро, бидејќи ако е премногу течно, поголем е ризикот да се скрши при отстранувањето на балоните. Внимавајте балоните да бидат потопени до пола или повеќе од пола во чоколадото. Потоа наредете ги на хартија за готвење и оставете ги да се изладат. Ако имате место да ги сместите во фрижидерот, може да заштедите време. Кога чоколадото ќе стврдне, дупнете го балонот на врвот и бавно истушете го. Внимателно отстранете го балонот и наполнете ја чоколадната „лушпа“.

На крајот можете да ги поклопите со уште една „лушпа“ и вашето чоколадно јајце е подготвено за сервирање.

Чоколадни гнезда во лажичка

Велигденски идеи

Децата ќе ги обожаваат чоколадните гнезда, а ни возрасните нема да можат да го сокријат уживањето во ова слатко задоволство.

Подготовката е едноставна. Во растопено чоколадо потопете пластични лажички и ставете ги на хартија за печење. Поросете ги со чоколадни трошки и во средината на секоја од нив ставете бонбони. Оставете ги во фрижидер за да се стврднат.

Кокосова трева

За пролетно да го раззелените вашиот дом не е неопходно да имате вистинска трева, едноставно обојте кокос со зелена прехранбена боја. Кокосовата трева можете да ја користите за подлога за чоколадни јајца или бонбони.

Велигденски идеи

Но, исто така, со помош на кокосовата трева можете да ги претворите колачите, мафините или која било торта, во велигденски десерт. Ставете малку шлаг на површината на тортата и поросете ја со кокосова трева, а над неа наредете бонбони во различни бои.

Велигденски идеи

Декоративни јајца од волница

Велигденски идеи

Јајцата од волница се прават многу лесно, а се вистинско освежување за домот. Потребни ви се мали балони, волница во различни бои, лепило и малку вода.

Во мал сад ставете лепило и разредете го со малку вода. Волницата врзете ја за балонот и намотајте ја околу него. Можете да користите волница во различни бои за јајцата да бидат што поколоритни. Потоа балонот потопете го во лепилото. Врзете го да се суши преку ноќ. Откако ќе бидете сигурни дека е потполно сув, внимателно направете мало дупче во балонот (што поблиску до отворот за дување) за да го истушите.

За да бидат јајцата уште поинтересни, ставете бонбони во балонот пред да го надуете. Откако ќе го дупнете, тие ќе останат во внатрешноста на декорацијата која ќе ја создадете.

Велигденско дрво

Велигденски идеи

Скршете неколку гранки од дрво, најдобро тоа да е расцветано, и ставете ги во вазна. Со помош на лепило прицврстете украсни ленти на празни бојадисани јајца и врзете ги на гранките. Можете и да ги протнете јајцата на гранките.

Мафини во јајце

Велигденски идеи

Наполнете ги јајцата со вашето омилено тесто за мафини и испечете ги за да ги изненадите вашите гости и семејството. Доколку немате идеја, следете го следниов рецепт.

Состојки

9јајца (само едно се користи за рецептот)
½ шолјашеќер
2 мали лажичкибрашно
¼ голема лажицапрашок за пециво
прстофатсол
½ шолјашеќер
¼ шолјапутер
½ голема лажицаизрендана кора од лимон
¼ шолјапавлака

Подготовка

  1. Измешајте ги брашното, пецивото и солта во длабок сад.
  2. Во поголем сад изматете со миксер едно јајце со шеќерот. Потребно е смесата да биде светла и кремаста, а потоа додајте ја кората од лимон и омекнатиот путер и матете додека нѐ се соединат состојките.
  3. Во садот со изматената смеса додајте ги сувите состојки и промешајте.
  4. На крајот додајте ја и павлаката и мешајте додека не се изедначи смесата.

На секое од јајцата направете му дупка во горниот дел и испразнете ги. Измијте ги јајцата под чешма, а потоа потопете ги во вода со сол и оставете ги да стојат половина час. Измијте ги со ладна вода и оставете ги да се исушат.

Пред да ги наполните со смесата, во секое јајце ставете малку масло и со вртење обидете се да ги намачкате ѕидовите на лушпата. Наполнете ги јајцата околу ¾ и ставете ги во тава за мафини. Под секое јајце ставете „гнездо“ од алуминиумска фолија за да стојат јајцата исправени. Печете на температура од 180⁰C околу 20-25 минути.

Велигденски идеи
Tags
Велигден
Велигден

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.