„Уживам во ова“: Балерината Стефанија Гаштарска се искачи на Титов Врв со саканиот Амар Мециновиќ
Балерината Стефанија Гаштарска и пратеникот Амар Мециновиќ покажуваат дека покрај љубовта, ги поврзува и страста кон природата и планинарењето.
Двојката деновиве се искачи на Титов Врв, највисокиот врв на Шар Планина, каде уживаше во прекрасните глетки и заедничката авантура.
Стефанија на социјалните мрежи сподели фотографии од искачувањето и призна дека не очекувала толку да се вљуби во планините.
„Титов Врв, Шар Планина ⛰️
Ако некој ми кажеше дека јас толку ќе уживам во сево ова, немаше да поверувам... Уживам во ова толку многу...“ - напиша таа.
Амар, пак, откри дека зад себе веќе има импресивно планинарско искуство.
„26 врва на Шар Планина. Едниот, највисокиот – пет пати“ - напиша тој, алудирајќи дека на Титов Врв бил дури петпати.
Стефанија и Амар пред 10-тина дена за првпат споделија заеднички фотографии на Instagram.
Тие ја посетија и Лешница, од која Стефи се одушеви.