• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Турчинка со Даунов синдром си го исполни сонот за свадба со љубовта на својот живот

2 октомври 2026, 11:30
  • cподели

Бетим Ерчајан Терзи и Фикри Терзи ја крунисаа својата љубов со брак и направија свадбена прослава за паметење.

34-годишната невеста со Даунов синдром, која веќе 10 години работи и живее самостоен живот, се омажи за љубовта на својот живот на свадбена церемонија во Измир. 

За големиот ден, Бетим изгледаше прекрасно во романтичен бел фустан со впечатлив корсет, кој го надополни со раскошно ланче, чипкани ракави и нежна круна на главата.

„Многу сум среќна со Фикри, живееме многу убаво и среќно заедно. Среќна сум што се мажам. Веќе 10 години стојам на свои нозе, живеам сама во свој дом, сама си готвам, сама правам десерти“ – изјави среќната невеста за Anadolu Agency.

Склучување брак на лице со Даунов синдром е реткост во Турција.

„Многу сум среќен. Отсекогаш многу сакав да создадам свој дом. Конечно успеав“ – рече младоженецот Терзи.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Aliağa Haber (@aliagahaber3535)

Особено емотивни беа родителите на младата девојка, кои со солзи во очите раскажаа како ја доживеале среќата на ќерката.

„На свадба сме и сѐ оди толку убаво, што кога влегов во државната платформа за услуги и ја слушнав реченицата ‘нема никаква пречка за склучување брак’, почувствував неверојатна среќа. 

Беше побаран лекарски извештај од комисија кога поднесовме барање во општината, таа помина низ многу тестови. Беше подложена и на психијатриска проценка, направи и тест за интелигенција. Сите резултати беа добри и благодарение на чистите срца и на ќерка ми и на Фикри, сѐ оди многу добро. Многу сум горда, многу сум среќна, многу сум возбудена... истовремено доживувам многу емоции“ - рече мајката на Бетим, Ајтен Ерчајан.

Таткото на невестата Кубилај Ерчајан со гордост зборуваше за својата најмила.

„Денес е најубавиот ден на светот. Мојата единствена ќерка, мојата душа... сѐ што направи, го оствари на извонреден начин, живеејќи го, чувствувајќи го и посакувајќи го тоа. Сега ова е една од работите за кои најмногу сонувала. Пронајде добар пријател за себе и го прифати како сопруг. Верувајте ми, сите процеси низ кои помина досега, сама ги планираше и ги оствари онака како што самата ги замисли“ - изјави тој.

Среќата беше подеднаква и кај семејството на младоженецот.

„Тие многу се сакаат, многу добро се согласуваат, навистина се пронајдоа еден со друг. Фикри е многу оптимистичен, со многу чисто срце. Тој е момче кое не мисли ништо лошо. Конечно го остваруваме она по кое долго копнеевме“ – рече Ремзије Терзи, мајката на Фикри.

А новата брачна двојка, опкружена со своите најблиски, уживаше во секој момент од свадбената прослава. Танцуваа и се забавуваа до раните утрински часови, прославувајќи го почетокот на заедничкото патување.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Türkiye Down Sendromu Derneği (@downturkiye)

Tags
Бетим Ерчајан Терзи
Фикри Терзи

Најнови

  • Турчинка со Даунов синдром си го исполни сонот за свадба со љубовта на својот живот

    Fri, 10/02/2026 - 11:30
  • Лазаров со нови фотографии со бебенцето: „Присуствував на породувањето на Марта, по милионити пат се заљубив во неа“

    Fri, 10/02/2026 - 09:40
  • Хали Бери обвинета дека физички го нападнала и давела 12-годишниот син, привремено го изгуби старателството

    Fri, 10/02/2026 - 09:31
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.