• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Трудницата која носи близначки и се прослави со своето фит тело позираше разголена

4 август 2015, 12:15
  • cподели

Софи Гвидолин е нутриционистка и фитнес инструкторка која пред извесно време доби огромно медиумско внимание поради решеноста да продолжи да вежба со тегови во бременоста.

26-годишната мајка на два сина носи близначки, а и покрај тоа што се ближи кон датата за породување, таа изгледа фантастично. Софи постојано ја документира својата бременост со фотографии и добива многу комплименти за својот изглед. На новите црно-бели фотографии, синооката Австралијка позира целосно разголена.

Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин Софи Гвидолин

Освен што добива комплименти, Софи на социјалните мрежи е во центарот и на многу негативни коментари од лица кои сметаат дека таа не треба да вежба со тегови. „Еден маж ми остави коментар на Facebook страницата во кој ми напиша дека тоа што го кревам е значително тешко. Но, тоа е значително тешко за кого? За него? Син ми тежи 29 кг и ако заспие некаде, јас морам да го носам. За мене тоа не е голема тежина. Сè се сведува на тоа што е тешко за одредена личност и колку можела да крене таа пред бременоста“ – објасни Софи пред почетокот на седмиот месец од бременоста.

Софи ГвидолинСофи на крајот на шестиот месец од бременоста

За да биде толку физички активна, Софи добила дозвола од својот гинеколог, а постојано вежба под надзор на својот сопруг Нејтан, кој е кондиционен тренер.

Софи непрекинато истакнува дека вежбањето во бременоста ѝ помогнало да има повеќе енергија и да избегне здравствени проблеми како гестациски дијабетес, од кој страдала за време на претходните бремености.

Tags
Софи Гвидолин
фит трудница

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.