Џанлука Ваки и Шерон Фонсека живеат во вистински тропски рај во Мајами.
58-годишниот италијански бизнисмен, кој на социјалните мрежи се прослави со своите танцувачки видеа, и 31-годишниот модел ги отворија вратите на нивниот дом за ¡HOLA!, дозволувајќи им на фановите да ѕирнат во него.
Со исклучително чувство за естетика, мултиталентираниот магнат успеал да ја пренесе својата природна страст кон дизајнот во секој агол од спектакуларниот дом. Меѓу уметничките детали и современата архитектура, просториите се совршено усогласени за да импресионираат и да овозможат удобен живот.
Имотот, на 4 ката, купен во 2021 година, има 9 соби, 12 бањи, лифт, пространа тераса и неверојатен базен со зеленикави плочки, токму како што го замислил Џанлука.
Покрај луксузниот дом, Џанлука и Шерон изградиле и хармоничен семеен живот, во чиј центар е нивната 5-годишна ќерка Блу Џерусалема.
Посветената мајка вели дека нивен приоритет е да бидат присутни родители и да ѝ дадат љубов и стабилност на Блу, а Џанлука признава дека е многу попустлив татко кој сака да ѝ овозможи на ќерката работи кои му недостасувале нему во детството, како патувања и социјален живот.
Иако многумина ги прашуваат зошто сé уште не се во брак, тие се категорични дека изборот на партнер за родителство е поважен од самиот брак и дека љубовта се докажува со дела, а не со формалности.