• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Три ученички од Скопје ќе се школуваат во „НОВА“ со целосни стипендии „Борис Трајковски“

5 април 2022, 12:52
  • cподели

Три ученички од две основни училишта од Скопје се добитнички на годинешните стипендии „Борис Трајковски-НОВА“ со кои ќе им бидат целосно покриени трошоците за школување во Меѓународното училиште „НОВА“ од следната учебна година. Во изразено силна конкуренција и по комплетирањето на двата круга на селекција, најдоброрангирани беа Тамара Ташковска и Касија Сентиќ-Габер од основното училиште „Димитар Миладинов“ и Јана Кировска од приватното основно училиште „Јахја Кемал“, така што трите од август ќе го продолжат своето образование во „НОВА“.

Нова

Покрај трите финалисти, уште тројца основци добија делумни стипендии кои покриваат 50% од трошоците за школување во „НОВА“ поради покажаните исклучителни резултати во процесот на селекција.

Оваа година за стипендиите „Борис Трајковски-НОВА“ се пријавија стотина ученици од земјава, од кои 15 влегоа во вториот круг на селекција. Пријавените ученици добија задача да направат истражување на зададена тема и секој од нив изработи триминутен видео-есеј во кој го изложија личното мислење на зададената тема и целиот процес на истражување. По оценувањето на испратените видео-есеи, 15 ученици влегоа во вториот, финален круг на селекција во кој се оценуваа повеќе активности, како математички тест за вештини стекнати во нивното деветгодишно основно образованиие, активност за оценување на способноста за тимска работа, и презентирање на нивните лидерски способности. Според покажаните резултати и освоените бодови, комисијата ги избра тројцата добитници на целосните стипендии, како и добитниците на делумните стипендии.

- Заокруживме уште еден циклус на програмата за стипендирање „Борис Трајковски-НОВА“ која низ годините стана синоним за достапност на квалитетно образование за најдобрите ученици во земјава. Квалитетното образование не се состои само од формално знаење, туку вклучува и развој на лични вештини, спознавање нови култури и имплементирање на стекнатите искуства во секојдневниот живот. Ние во „НОВА“ им помагаме на учениците да се изградат во комплетни личности подготвени да се справат со предизвиците и да бидат носители на развојот во општеството. Горди сме што интересот за оваа програма и квалитетот на пријавените кандидати и по 18 години од нејзиното почнување сѐ уште е на многу високо ниво и тоа ни дава мотив да продолжиме со оваа програма со истиот жар и ентузијазам како на самиот почеток – велат од Меѓународното училиште „НОВА“.

Нова

Стипендиите за школување ги доделува училиштето „НОВА“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ 18. година по ред. Преку програмата за стипендирање досега завршиле 12 успешни генерации на матуранти кои понатаму изградија успешни академски и професионални кариери во земјава и во странство.

Комерцијален текст

Tags
меѓународно училиште Нова

Најнови

  • Монтре, Женева, Гештад... Елена Најдоски од „Живот со стил“ со сопругот ужива во Швајцарија

    Sun, 01/11/2026 - 23:00
  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.