• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Три генерации жени: Што наследуваме од нашите мајки и баби?

3 март 2016, 19:05
  • cподели

Комерцијален текст

Мајка ви е виновна ако имате долги палци, а на баба ви треба да ѝ се лутите ако сте едни од оние што имаат големи уши.

Генетиката сè уште нема официјално потврдено, но постои масовно верување дека девојчињата поради двата икс хромозома имаат подеднакви шанси да личат и на двајцата родители, од кои ги наследуваме бојата на косата, очите, висината и други физички карактеристики. Но, нашите предци освен тоа ни пренесуваат и информации, односно недостатоци на тие гени и други карактерни особини, манири и предиспозиции за кои е речиси неверојатно дека се наследни. Во тоа море од споредливи карактеристики, веројатно не ни претпоставуваме дека постојат необични особини што девојките ги превземаат од своите баби.

Ако нашата мајка и баба имале сини очи, во 70% од случаите ќе имаат барем една внука што ќе има сини очи, но ако таткото има кафени очи, шансите девојчето да има сини очи се многу помали, бидејќи за разлика од доминантниот кафен, синиот ген е рецесивен. Сите три генерации жени имаат и многу слични потреби и идентични нешта што им го привлекуваат вниманието, а се карактеристични за сите нив.

Три генерации

Она што го наследуваме од нашите баби е и дупчето на брадата, ушните ресички, споените веѓи и белиот специфичен прамен на косата. По мајчина линија се наследува и синдромот на кивање, нетолеранција на алкохол, алергии, депресија, кариес и болести на забалото, астма, далтонизам, егзема и псоријаза. Младите девојки од своите мајки и баби ќе го наследат и времето на влегување во менопауза во 85% од случаите, а не е помал ниту процентот на генетска предиспозиција кон остеопороза, артритис и склоност кон мигрени. Во 20% од случаите девојките ќе ја наследат предиспозицијата за карцином на дојка од своите мајки и баби. Здравствената состојба на жените, во многу нешта зависи од здравјето на нејзината мајка и баба. Од овие причини, девојките треба да обрнат внимание на здравствените недостатоци на нивните мајки и баби, за да можат превентивно да делуваат.

Она што е интересно што исто така го наследуваме од своите мајки и баби е генот на популарност. Ако сме комуникативна, отворена и популарна личност, тој ген е наследен доминантно од мајчина страна. Од мајчина страна се наследуваат и манирите, стилот, навиките за убави и префинети нешта и секако шопинг културата.

За да уживаат во пазарењето за сите три генерации жени во Македонија овој 8 март Скопје Сити Мол подготви специјално изненадување, па така на 5, 6, 7 и 8 март Скопје Сити Мол ќе биде главната дестинација за шопинг и опуштање, благодарејќи на празничните попусти. За повеќе информации веднаш посетете го линкот http://www.skopjecitymall.mk/5678-mart

Скопје Сити Мол

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.