• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Три децении „СИ-ДО“: Музичкиот фестивал ќе го одржи јубилејното 30-то издание во мај

2 март 2026, 14:20
  • cподели

Во пресрет на  јубилејот – 30 години на Детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, организацискиот тим интензивно работи на подготовките за новото издание кое ќе се одржи на почетокот на месец мај.

Три децении „СИ-ДО“ значи детска песна, радост, талент и генерации млади изведувачи кои ги направија своите први музички чекори токму на оваа сцена.

Подготовките се во тек, ќе има нови изненадувања и содржини кои ќе го одбележат овој значаен момент. Публиката ќе има можност да ужива во 20 сосема нови детски хитови, создадени со современ музички израз, свежа енергија и препознатливиот дух на фестивалот – изјави организаторот на фестивалот Дарко Шерденков.

Во чест на 30-годишнината, предвидена е и проширена програма која ќе ги обедини сите генерации учесници, од првите фестивалски почетоци до денешните млади ѕвезди. Ќе се спојат спомените и иднината, искуството и новата енергија, во едно заедничко славење на детската музика.

Децата, најважниот дел од оваа приказна, со нетрпение го очекуваат новото издание. За нив, „СИ-ДО“ не е само фестивал, туку сон, сцена и искуство кое се памети цел живот. Еуфоријата расте и со нетрпение го очекуваме  ова јубилејно издание кое носи и многу изненадувања.

Фестивалот „СИ-ДО“ оваа година не само што ќе ја продолжи својата традиција, туку ќе испише и ново, блескаво поглавје во својата историја. Почетокот на мај ќе биде во знакот на песната, насмевките и незаборавната детска радост во Битола.

Tags
Си-До

Најнови

  • „Како можете да носите нешто кога знаете дека е од невино убиено дете?“: Мајката на загинатата Ивона во пожарот во „Пулс“ ги бара нејзините предмети

    Mon, 03/02/2026 - 14:50
  • Три децении „СИ-ДО“: Музичкиот фестивал ќе го одржи јубилејното 30-то издание во мај

    Mon, 03/02/2026 - 14:20
  • Отец Пимен

    „Постот не е диета, без Крст нема Воскресение, а без Воскресение – верата е празна“: Отец Пимен за постите и верата

    Mon, 03/02/2026 - 13:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.