• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Трет триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2023 на 14 мај во Скопје

14 март 2023, 15:06
  • cподели

Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ го најавува третиот триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2023 што ќе се одржи на 14 мај 2023 година во Скопје, во техничка организација на Триатлон федерацијата на Северна Македонија. Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание.

Оваа година очекуваме преку 250 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија, Koсово и од Црна Гора, велат организаторите.

- Подготвени сме со техничка поддршка од страна на Триатлон федерацијата на Северна Македонија и сопствена судиска екипа да обезбедиме трка на која секој натпреварувач би сакал да учествува и веруваме дека овој натпревар ќе прерасне во традиционален натпревар кој ќе им овозможи на македонските триатлонци да се натпреваруваат на домашен терен. Се радуваме што интересот почна да расте, после ланската многу успешна година кога имаме меѓународен карактер на натпреварот – вели Данчо Ѓорѓијевски, основач на клубот Триоги Рејсинг и организатор на натпреварот.

Stopanska Triogy Triathlon

Инаку ланското издание на Stopanska Triogy Triathlon беше најмасовниот триатлон настан одржан во нашата држава на којучествуваа 250 триатлонци. На голема радост и оваа година ја продолжуваме соработката со Стопанска банка АД – Скопје.

Пријавувањето за Stopanska Triogy Triatlon е до 7 мај, на следниот линк.

Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

  • Деца 1, родени 2013 г. и помали
  • Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г.
  • Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г.
  • Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г.
  • Елитна група, родени пред 2002 г. (кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија)
  • Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.
Stopanska Triogy Triathlon

Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.