• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Торта со крилја и сликарска палета, љубов од семејството... Инспиративната Србинка родена без раце наполни 31 година

10 декември 2025, 12:22
  • cподели

Дејана Бачко вчера наполни 31 година.

Инспиративната Србинка, која и покрај тоа што е родена без раце го живее животот максимално, славеше во домашна атмосфера со најмилите. Таа сподели фотографии на кои позира покрај малата ќеркичка Лара и сопругот Марко.

Дејана, која е позната и како „девојка со крилја“, ја дувна свеќичката на торта со крилја и сликарска палета, симбол на нејзината професија, сликарството.

Иако сега се смее со широка насмевка на секоја фотографија, Дејана има споделено дека немала лесно детство и дека честопати морала да се бори за да покаже дека без две раце може да постигне сè што можат и луѓето родени со раце. Денес, таа е инспирација на социјалните мрежи и нејзиниот профил веќе го следат милион лица.

Бачко има освоено златен медал на Светско првенство во пара таеквондо, а е академски образована ликовна уметница која има насликано прекрасни дела. Таа ги користи своите стапала наместо дланки за да ги извршува сите обврски низ домот, вклучително и готвење, а има и возачка дозвола и е одличен шофер.

Дејана Бачко Дејана Бачко Дејана Бачко

 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GIRL WITH WINGS 🦋 | mama (@devojka_sa_krilima)

Дејана има споделено дека најголем предизвик досега ѝ било мајчинството и добивањето на ќеркичката Лара.

„Тоа ми беше најголемиот предизвик во животот досега. Се плашев како ќе ја земам иако немам раце, како ќе ја извадам од креветчето. Сега нормално можам без проблем, ме прегрнува и така можам да ја извадам. Но, на почетокот се плашев. Имав ситуации кога седнував и плачев, но сето тоа поминува“ – рекла таа.

Дејана Бачко

Tags
Дејана Бачко

Најнови

  • Ребека со семејството во Венеција

    „Ти благодарам Господи за сите убавини“: Ребека со трите сина и сопругот на патување во Венеција

    Fri, 01/30/2026 - 18:44
  • Леон Мемиш Апостоловски

    Мисија на љубовта и знаењето: Како семејството Мемиш Апостоловски ја менува свеста за аутизмот низ Македонија?

    Fri, 01/30/2026 - 17:05
  • Никогаш повеќе сама на dm

    dm обезбеди повеќе од 320 000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

    Fri, 01/30/2026 - 13:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.