• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Топ лакови и стилови за нокти – есен/зима 2012-2013

5 ноември 2012, 16:02
  • cподели

Маникирот доби статус на неизбежен моден додаток и како таков се влијае од модните тенденции. Љубопитни сте да дознаете кои се новите трендови кај маникирот? Сезоната есен/зима ги става на пиедестал драматичните бои кои потсетуваат на мистериозни фантазии и соништа и скапоцени камења.

Обожавателките на мрачните нијанси карактеристични за готик стилот со радост ќе ги прифатат модерните бои, а за дамите кои преферираат понежен и поедноставен изглед на рацете, останува трендот француски маникир со неутрална основа и темен врв.

Модерни лакови за нокти

Кога наредниот пат ќе си правите маникир, имајте ги на ум следниве актуелни бои:

Луксузен бургундецМистериозна тиркизнаПурпурен дождОгнените бои на есенските лисјаЧоколадно кафеаваИндиго синаПриродни бои за „голи“ ноктиМетален отсјај

Луксузен бургундец

Класичниот црвен маникир оваа сезона станува неколку нијанси потемен.

Лакот во бордо боја делува моќно и мистично, а совршен е за вечерните прилики кога треба да покажете префинетост и елеганција.

Мистериозна тиркизна

Тиркизната боја ја зачува својата популарност.

Обојте ги вашите нокти во оваа сино-зелена ладна комбинација за да имате шармантен маникир кој ќе краде погледи.

Пурпурен дожд

Не се плашете да преминете на темната страна, оставајќи ги зад себе пастелните розови и виолетови нијанси.

Пурпурните лакови за нокти ќе ја донесат на вашите прсти магичната привлечност на аметистот.

Огнените бои на есенските лисја

Пронајдете ја идеалната нијанса за вашите нокти на патеката прекриена со паднати лисја во најблискиот парк.

Угасната жолта, изгорена портокалова, црвено-портокалова, портокалово-кафеава...

Чоколадно кафеава

Има ли нешто попријатно од бегство од студениот воздух со вкусно топло чоколадо?

Покажете ја вашата љубов кон најслаткото задоволство со тоа што ќе изберете „чоколаден“ лак за вашиот есенски и зимски маникир.

Индиго сина

При изборот на сина нијанса, не црпете инспирација од светлото небо, туку нурнете во длабочините на океанот.

Ниските температури бараат посилни и потемни нијанси на сина кои се доближуваат до индиго.

Природни бои за „голи“ нокти

Преку глава ви е од темните бои? Зачувајте го елегантниот и нежен изглед на вашите раце со неутрални кремови нијанси кои ќе им дадат модерен „гол“ изглед на ноктите.

Природниот изглед на ноктите можеби беше и најзастапен на модните ревии за оваа сезона.

Метален отсјај

Заборавете ги светулките и насочете се кон лаковите со метален отсјај со кои ќе внесете футуристички акцент во вашиот стил.

Избирајте темни бои со сјаен финиш.

Должина и облик на ноктите

  1. Кратки и правоаголни, но со заоблени агли. Правоаголниот облик се враќа на сцената, но само ако ноктите се со мала должина. Единствено треба да внимавате аглите да бидат малку позаоблени, за да се зачува нежноста. Темните лакови и правоаголните кратки нокти се идеална комбинација.
  2. Долги и овални. Долгите нокти со овален облик се тренд кој го диктираат холивудските дами, чијашто цел е да покажат малку посилен и повпечатлив изглед (Ријана, Лана Дел Реј, Бијонсе, Лејди Гага, Ферги).

Популарни стилови на маникир

Точки

Точките ги напуштија трендовите кај облеката, но се задржаа кај маникирите. Црна основа со бели точки е класичен маникир кој лесно ќе се вклопи во секоја забавна вечерна комбинација.

Точки

Полумесечина

Направете едноставен ретро маникир со исцртување на полумесечина во основата на ноктите.

Полумесечинки

Француски маникир со темен завршеток

Обојте ги ноктите со лак во бежова или светлорозова боја, а потоа прецизно исцртајте тенка линија на врвот на ноктите.

Француски во темен врв

Апстрактна уметност

Не сте многу прецизни при цртањето на ноктите? Секој нокот нека биде приказна за себе. Земете два-три лака и со нив покажете ја креативноста, исто како што би сликале на уметничко платно.

Апстрактни нокти
Tags
маникир
трендови есен зима 2012

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.