• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Тоа нè уништи“: Софија Вергара се отвори за убиството на брат ѝ од колумбиски картел при обид за киднапирање

15 август 2024, 09:36
  • cподели

Софија Вергара сними заводлива фотосесија за „Variety“ и се отвори за убиството на нејзиниот брат во 1996 година, кога таа имала 24 години.

За да ја промовира својата нова мини серија „Griselda“, 52-годишната актерка позираше пред фотоапаратот на Грег Свејлс. Во криминалистичката драма, Софија влегува во улогата на Гриселда Бланко, која била колумбиска „кралица на кокаинот“ и шефица на најмоќниот картел во светот.

Софија Вергара

Во интервјуто, ѕвездата од „Modern Family“ зборуваше зошто ѝ било важно да ја одигра оваа улога и се отвори да мрачен дел од нејзиното минато – убиството на нејзиниот постар брат Рафаел.

Рафаел бил убиен во обид за киднапирање и изнудување пари од страна на колумбиски картел.

„Тоа го уништи нашето семејство. Ја уништи мајка ми. Целосно ни ги промени животите. Не знаевме што се случува, зошто беше убиен“ – рекла таа.

Една година пред неговото убиство, Вергара со 5-годишниот син Маноло се преселила во Мајами, па по неговата смрт, го повлекла целото семејство да живее со неа во САД.

Софија Вергара Софија Вергара

Уште од 2006 година, Софија сакала да ја има улогата на Гриселда во филм. Не можела да си ја замисли „оваа Колумбијка со четири деца да биде една од најсуровите трговци со дрога и луѓе во историјата“. Но, било многу опасно да се сними серијата додека Бланко сè уште била низ колумбиските улици. Па, Софија морала да чека.

Гриселда била убиена во 2012 година, а во 2015 година Вергара го пронашла идеалниот тим за да ја сними серијата. Таа имала проблеми со спиењето во првите три недели од снимањето.

„Бев анксиозна, а Ненси (тренер за глума) ми рече: ‘Преку ден убиваш, врескаш, плачеш и сè, а потоа одиш дома и твоето тело не знае дека не си го правела тоа реално, тоа ги чувствува тие работи’. Морав да земам нешто навечер за да се смирам. Не бев подготвена за тоа. Не знаев. Поради тоа актерите полудуваат. Како можат да го прават тоа со години?“ – рекла таа.

Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара Софија Вергара

Трејлер за „Griselda“

Најнови

  • Дејана Бачко со семејството

    Девојката со крилја ќе добие второ дете: Инспиративната Србинка родена без раце објави дека е бремена

    Sat, 02/21/2026 - 17:00
  • Сонуваме Менуваме

    Музичко-театарскиот спектакл „Музичка beat-ка“ доаѓа и пред скопската публика

    Fri, 02/20/2026 - 19:24
  • Peaky Blinders: The Immortal Man

    Томи Шелби се враќа: Трејлерот за филмот „Peaky Blinders: The Immortal Man“

    Fri, 02/20/2026 - 18:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.