• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Тоа не е тајна, тоа е рутина“: Кристијано Роналдо го покажа мускулестото тело, во импресивна форма е и на 41 година

25 февруари 2026, 10:14
  • cподели

Кристијано Роналдо постојано докажува дека годините навистина се само обична бројка.

41-годишниот фудбалер го покажа мускулестото тело позирајќи во долна облека од својот бренд и одушеви многумина на социјалните мрежи. Неговата фотографија за само 19 часа има повеќе од 3 милиони допаѓања и над 40 илјади коментари.

Во описот, славниот спортист порача дека успехот во животот не доаѓа случајно и дека на него треба секојдневно да се работи.

„Долговечноста и високите перформанси не се случуваат случајно. Тие се градат преку секојдневно, практично опоравување. Тоа не е тајна. Тоа е рутина“ – напиша Роналдо.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Познато е дека Роналдо тренира и до четири часа дневно, посетува теретана петпати неделно и практикува пилатес и пливање. Неговите тренинзи вклучуваат 25 до 30 минути кардио, високoинтензивни спринтови и вежби за сила.

Неговата дисциплина не запира во салата за вежбање. Наместо класични три оброци, Роналдо дневно консумира шест помали оброци богати со протеини. На неговото мени редовно се наоѓаат авокадо, свежа риба, пилешко месо, салати, киноа и свежо овошје.

Според последните мерења, неговиот процент на телесни масти изнесува само седум проценти.

Како еден од најуспешните фудбалери на светот, Роналдо сè уште заработува околу 570.000 евра дневно во клубот во Саудиска Арабија, што го прави еден од најплатените спортисти во светот.

Tags
Кристијано Роналдо

Најнови

  • Изјава на Групацијата за производство на цигари при Стопанската комора на Македонија за предлог-законот за заштита од употреба на тутунски производи или сродни производи

    Sat, 05/30/2026 - 19:57
  • Ruins

    Светска премиера на документарниот филм „Руини" на Елена Чемерска на Shanghai International Film Festival

    Sat, 05/30/2026 - 19:45
  • Александра Јанева со сопругот Иван и малата ќерка Тина

    Александра Јанева ги сподели првите фотографии од бебенцето

    Fri, 05/29/2026 - 21:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.