• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Ти си љубов“: Ребека со порака за синот Маркијан по повод Светскиот ден на аутизмот

3 април 2025, 06:57
  • cподели

Вчера се одбележуваше Светскиот ден на подигнувањето на свеста за аутизмот.

По тој повод, Ребека Јанковска Ристески објави писмо до нејзиниот син Маркијан кое претставува силна и емотивна порака за љубовта, болката и борбата на родителите на деца во аутистичниот спектар.

Во нејзините зборови одекнуваат разочараноста од општеството кое премолчува, неразбирањето и рамнодушноста, животот во сенка на стереотипите, надежта за подобро утре, но и непоколебливата љубов и посветеност кон својот син.

 Маркијан

Прочитајте ја пораката во целост:

Драг мој Маркијан,

Вчера беше 2 април 2025. Секој 2 април се зборува многу за сличните на тебе. На тој начин тие мислат дека прават нешто за вас, за лицата со аутистичен спектар и попреченост. Чудно, но тоа е вистината. До следниот датум во календарот.

Ти пишувам овде за да некој друг можеби во некое друго време, подобро, ме чуе.

Овде луѓето одамна престанаа да сакаат да ме слушаат мене и оние како мене и татко ти кои родија деца поразлични од нивните.

Ти пишувам за да некој во некое друго време разбере дека овие сега ништо не разбираат и не сакаат да разберат и заради браќата твои, кои отсега се чудат со тебе што ќе прават.

Ти пишувам за да некој ти каже некогаш и ако ти бидеш се уште меѓу нив дека оваа мајка твоја се бореше.

Мајкино чедо,

Ти се чудиш зашто ништо од овде тебе не ти припаѓа, но не чуди се, тие не знаат што прават.

Ти си љубов, а тие се од другата страна на љубовта.

Тие си имаат честа болест, а ти ретка.

Нивната болест е исто така неизлечива и таа се вика НИШТО НЕ ИМ СТИГА И МУВА НЕ ГИ ЛАЗИ.

Ти нè имаш нас, а тие имаат сè што се купува со пари.

И најважно е да разбереш дека и на тие кои добрини мајка ти им правела ќе те заборават.

И запомни дека секогаш се борев за сите.

Така мислев дека треба.

Господ да им прости на сите кој знаеа, ништо не направија и излажаа.

А ти ако можеш мене прости ми.

Понекогаш ти завидувам на твојата безгрижност и посакувам и јас така да можев.

Господ е љубов и тој нема никогаш да нè заборави, знам.

Ребека со својот сопруг имаат и близнаци, Макариј и Доротеј.

 Маркијан

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.