• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Тешко на вашите дома... Засрамете се“: Илина Арсова им врати со револт на троловите со одвратни коментари за неа

6 мај 2026, 13:17
  • cподели

Илина Арсова не остана рамнодушна на навредливите и деградирачки коментари за неа на социјалните мрежи.

Македонската планинарка не го криеше разочарувањето од навредите по нејзиното гостување во подкастот „Смисла“, особено поради тоа што некои од нив доаѓаа од „очигледно фамилијарни луѓе“.

Во својата објава, Илина сподели дел од коментарите и им порача на хејтерите: „Засрамете се“.

Ми се појави објавата на Sloboden Pecat каде споделуваат делови од разговорот со сестра Ефимија и Отец Бобан, за подкастот Смисла.

Не дека сметам дека тоа е некоја вест што треба да се објавува покрај многу поактуелни проблеми со кои се соочуваме, сепак целиот разговор беше навистина преубав и инспиративен за многумина кои слично се почувствувале во даден момент. И ви благодарам на сите што ми пишавте.

Е сега објаснете ми го ова, профили како овој, очигледно фамилијарни луѓе што коментираат со ваков јазик. Тешко на вашите дома. 

Понатаму коментарите за убавина се исто така интересни и споредбата со даден фалус, имајќи предвид дека истиот го величат. Искрено убедена сум дека самите немаат огледало дома, а како и да е за да одиш на подкаст не треба да си фото модел.

Некои луѓе имаат време да се замараат и да коментираат под содржина која не им се допаѓа, а зошто едноставно не сменат канал до она што им прилега. Затоа што тие луѓе и самите себе се мразат, како што вели Игор Џамбазов на кого истовремено му се пикате, па го хејтате дури и овде. Овие коментари не ме навредуваат особено гледајќи од каде потекнуваат, но се навреда за навистина убаво смислена емисија со духовни луѓе.

Така да, засрамете се, а ние ќе се помолиме и за вас 💜

Tags
Илина Арсова

Најнови

  • ЕУ

    Писмо на лекарите до ЕУ: Погрешно е да ги изедначувате алтернативните производи без чад со традиционалните цигари

    Mon, 05/18/2026 - 14:21
  • Секогаш поволно во dm

    Dontodent паста за заби за 49 денари е само почеток: во dm ве очекува широк избор производи по секогаш поволни цени

    Mon, 05/18/2026 - 14:02
  • Хит во најава: Слаткар со спот за новата песна „Hola“ снимен во Барселона

    Mon, 05/18/2026 - 12:48
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.