Шакира и Пике ги побиваат сите шпекулации дека се разделуваат. Славниот пар со двете синчиња беше виден додека се упатуваше на Дизни шоу на мраз во Барселона.
Шакира беше големиот победник на доделувањето на „Los 40 Music Awards“. На настанот, таа беше придружувана од својот партнер Жерар Пике и двете синчиња.
Шакира и Пике патуваат со своите две деца. 39-годишната пејачка и 29-годишниот фудбалер беа фотографирани со малите Саша и Милан на аеродром во Мајами.
Шакира и Пике не ја кријат семејната среќа и го задоволуваат љубопитството на своите фанови со споделување на фотографии од семејниот албум. Погледнете ги.