Во линија со стратегијата за одржливост и заштита на животната средина, денеска вработените во Шпаркасе Банка, на опожареното подрачје во Гиновци, Крива Паланка, на еден хектар површина засадија 2.500 садници од багрем.
Шпаркасе Банка продолжува со атрактивна, промотивна понуда за сите клиенти што се заинтересирани да штедат во денари и во евра и кои посакуваат да направат добар план за заштеда и во новата 2023 година.
Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост.
Шпаркасе Банка АД Скопје на својата мрежа на банкомати воведува дополнителна функционалност достапна за физички лица, иматели на дебитни и кредитни картички.
Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност, овозможи донација на компјутерска опрема за учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје.
Во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка АД Скопје, а со поддршка на Мудис – глобална интегрирана компанија за процена на ризикот, по деветти пат се одржа конференцијата „Erste Investors' Breakfast“.
Шпаркасе Банка АД Скопје во соработка со Visa ја лансираше бонус кампањата „Еден потег, многу придобивки“, која има за цел понуда на премиум услуга и додадена вредност за сите нови клиенти што ќе се одлучат да ја примат својата плата преку Банката.
Шпаркасе Банка АД Скопје го доби признанието Најдобри во класата – Активација за кампањата „Happy VISA Weekends“ од страна на долгорочниот партнер Visa.