Вчера беше промовиран новиот спот на Шакира за песната „Waka Waka (This Time for Africa)“. Веселата „Waka Waka“ е прифатена за официјална песна на претстојното Светско првенство во фудбал, кое за неколку дена ќе започне во Јужна Африка.
Иако многу жени низ светот ѝ завидуваат за телото што го има, Шакира изјавила дека ѝ биле потребни стотици часови терапија за да може да си го засака своето тело.