Рики Мартин и неговите преслатки близначиња Матео и Валентино се лицата кои се насмевнуваат од насловната страна на шпанското издание на списанието „Vanity Fair“. Во фотосесијата им се придружи и љубовниот партнер на Рики, Карлос. Погледнете ги фотографиите.
„The Best Thing About Me Is You“ е дует на познатиот латино пејач Рики Мартин и британската соул пејачка Џос Стоун. Тоа е првиот сингл од најновиот двојазичен албум на Рики. Слушнете ја песната која има и англиска и шпанска верзија.
Во ново промотивно видео за неговата турнеја, Рики Мартин се појавува целосно гол, а врз телото му се појавуваат дигитални тетоважи со инспиративни пораки испишани на шпански.