Добивме уште една причина на уживаме во кафето. Жените кои имаат навика да пијат неколку чаши кафе дневно во текот на неколку години или децении се изложени на помал ризик од појава на рак на матката, вели истражување спроведено на Харвард.
Еден од најспоменуваните совети за зачувување и подобрување на здравјето е секако редовното пиење на зелен чај. Последните истражувања потврдија дека зелениот чај помага во заштитата од деменција и рак.
Средствата за чистење на домот и освежувачите на воздухот влијаат негативно врз здравјето на жените. Жените кои редовно употребуваат средства за чистење и освежувачи се изложуваат на двојно поголем ризик од појава на рак на дојка во споредба со жените кои никогаш не користат вакви продукти.
Редовната консумација на овошје и зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови и кај пушачите и кај непушачите, покажа ново истражување.
Европско истражување откри дека кај пушачите кои имаат во себе поголемо количество на витамин Б6 и на амино-киселината метионин, ризикот за појава на рак на белите дробови е 60% помал.
Јаболкото е еден од најздравите плодови. Покрај многуте бенефиции кои ги носи, научниците тврдат дека помага и во заштитата од рак, но напоменуваат дека клучна улога за таа заштита има самата лушпа на јаболкото.
Резултатите од ново истражување спроведено во Милано, покажале дека пиењето алкохол го забрзува процесот на стареење и го зголемува ризикот за појава на рак.
Научниците советуваат мајките да ги дојат своите бебиња наместо да користат адаптирано млеко, затоа што мајчиното млеко содржи супстанција која го убива ракот.
Канцерогените заболувања оправдано предизвикуваат страв кај луѓето поради тоа што за повеќето од нив нема ефикасен лек. Прочитајте 10 начини да го намалите ризикот од појава на рак.