Најпривлечната насмевка е искрена, блескава и одмерена, но не е резервирана само за холивудските ѕвезди. Прочитајте неколку трикови за совладување на уметноста на фотогеничната насмевка.
Знаете ли која е попривлечната страна од вашето лице? Наредниот пат кога ќе позирате, свртете се малку надесно и ставете ја во преден план левата страна на лицето. Истражувачите тврдат дека и мажите и жените изгледаат подобро на фотографиите кога се сликани од левата страна.