Новиот брачен пар, Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, го очекуваат своето прво дете. И официјално е потврдено дека 36-годишната актерка е веќе 4 и пол месеци бремена, а нејзиното стомаче веќе започнува брзо да расте.
Холивудските актери Пенелопе Круз и Хавиер Бардем стапиле во брак на интимна церемонија на Бахамите, на која присуствувале само членови на семејството.