Парис Хилтон и во Кан го покажа она што го знае најдобро – да се забавува и да позира. Но, нејзините појавувања никогаш не поминуваат незабележани. Блескавиот жолт фустан во кој таа се појави на забавата на „Citizen K“ чини 11.800 долари. Погледнете ги фотографиите.
Денес на интернет се појави новиот спот на Парис Хилтон и веднаш привлече огромно внимание. Во спотот, 31-годишната русокоса со монотон глас ги изговара стиховите на песната, додека позира пред камерата облечена во тесни разголени фустани. Погледнете го видеото.
Парис Хилтон скршеното срце го лечи со бакнежите на Тод Филипс, режисерот на хит филмовите „The Hangover“. Досега таквото тврдење беше шпекулација, но сега е факт, бидејќи се појави фотографија што ја потврди нивната врска.
Работите во животот на Парис Хилтон брзо се менуваат. Само пред една недела таа возбудено тврдеше дека е навистина среќна во врската со Сај Вајтс, но синоќа ја потврди нивната разделба.
Американската старлета вчера беше забележана со ваљак во рацете како бојадисува ѕидови со графити на улиците низ Лос Анџелес. Но, дури ни во таква ситуација Парис не остана без високи потпетици.
Објавени се фотографии од Линдзи Лохан на кои таа е со шприц в рака (во којшто наводно има хероин). На друга фотографија се гледа како некој се подготвува да ѝ стави инјекција во долниот дел на грбот, а има и неколку фотографии на кои Линдзи се бакнува со Парис Хилтон! Погледнете ги сите овде.
Парис Хилтон вчера во судот во Лос Анџелес призна дека поседувала кокаин кога кон крајот на минатиот месец беше уапсена од полицијата. Со тоа, таа избегна затворска казна и доби парична казна од 2000 долари и 200 часа добротворна работа.
Парис Хилтон не се предава лесно и дури и најде оправдување за малата кесичка со кокаин што паднала од нејзината чанта пред да биде уапсена. Таа изјавила дека не ја имала видено кесичката и дека помислила дека кокаинот е гума за џвакање.
Парис Хилтон уште еднаш беше уапсена за поседување на дрога. Но, од сликата направена во полициската станица јасно се гледа дека 29-годишната русокоса воопшто не е загрижена поради нејзиниот судир со законот. Таа позира поднасмевнато, иако ова е трето нејзино апсење ова лето.