Се чини дека жените упорно се обидуваат да ѕирнат во машкиот мозок. Ви треба мала помош? Прочитајте неколку мали слатки тајни кои мажите сакаат да ги знаете.
Денес за мнозинството од жените идеалниот маж е всушност просечниот маж. Според ново истражување, најпосакуваните мажи се доверливи, малку романтични, хумористични, го сакаат семејниот живот, не се многу високи и имаат темна коса.
Книгата „What Every Man Thinks About Apart From Sex“ е апсолутен хит во Британија. Големата популарност не се должи на она што го пишува во книгата, туку на она што не го пишува. Книгата има 200 страници и сите тие се празни, што алудира на фактот дека мажите не мислат на ништо друго освен на секс.
Ново истражување покажа дека е многу поверојатно жените да имаат кратка љубовна авантура за една вечер на Нова Година, отколку во било која друга вечер во годината.
Истражување на Bayer Schering Pharma покажало дека во 18 часот мажите се најсклони да ѝ исполнат некоја желба на својата сакана. Дознајте во колку часот е најголема веројатноста да победите во расправија.
Швајцарски, германски и американски истражувачи откриле дека партнерите кои се заедно 40 години знаат многу помалку еден за друг во споредба со партнерите кои се заедно само 1-2 години.
Американско истражување покажа дека кога се во овулација, жените ги привлекуваат мажи кои имаат мажествени црти на лицето (силно изразена вилица, брада и веѓи). И ако нивниот партнер е помалку мажествен, тогаш е многу веројатно тие да се загледуваат по други мажи.
Истражување на списанието Elle покажало дека жените се посклони да ја прекинат врската ако се почувствуваат емотивно занемарени, отколку ако имаат лош секс.
Многу истражувања низ светот се обидуваат да одгатнат како мажите и жените си избираат партнер. Едно од нив тврди дека мажите избираат партнерка со убаво лице кога имаат сериозни намери кон неа, а кога сакаат кратка авантура, тогаш повеќе го ценат изгледот на телото.