Летото ни носи експлозија од доживувања, но и чаша полна со предизвик за промени во изгледот. А, желбата за промени, раѓа и потреба од нови идеи за декорација на ноктите. Погледнете ги нашите предлози.
Крајот на зимата ги збриша од трендовите темните и драматични нијанси на лакови. На пиедестал се издигнаа префинети, романтични и софистицирани нијанси кои го надополнуваат актуелниот дамски изглед. Погледнете кои бои на лакови се особено модерни во текот на оваа сончева сезона.