По неколкумесечното лекување на нејзиниот син во САД, Луисана Лопилато се врати со најблиските во родната Аргентина. Семејството беше фотографирано на аеродромот во Буенос Аирес.
Луисана Лопилато и Мајкл Бубле ги известија своите фанови дека минуваат низ многу лош период. Славниот пар сподели дека на нивното 3-годишно синче му бил дијагностициран рак.