Кики Мукаетова нè доближува до нејзината еволуција пред и зад камери, ни открива како се справува кога ќе „заглави во круг“ и говори како учи да остане приземна и своја.
Кики Мукаетова ја има формулата за музички хит. Младата ѕвезда ја претстави својата најнова песна „Loop“, забавен сингл што веднаш освојува со динамичен ритам, свеж звук и емоции во кои секој може да се препознае.