Во морето вести за коронавирусот од целиот свет, отскокнува позитивна љубовна приказна која е во зачеток. Најинтересното е што засега е овековечена во три кратки видеа.
Момче и девојка, кои имаа врска на далечина, патуваа низ светот фотографирајќи се во истата поза на атрактивни локации. За време на посетата на Москва, тој ја промени позата и клекна на колено за да ѝ предложи брак.