Со концертите на „Flowers Symphony“ во Битола и Охрид, Оркестар DIVA – Битолски камерен оркестар ја заокружи својата летна концертна сезона, исполнета со повеќе музички проекти и настапи пред домашната публика.
Со Наде Талевска разговаравме за нејзиниот прв настап на „Flowers Symphony“, за големиот вокален предизвик „The Diva Dance“, за операта и филмската музика, за животот со три деца и за она што останува најважно во секоја нејзина изведба – емоцијата.