Откако се слеаја илјадници критики за нејзината постапка на отворањето на Евровизија, Андреа се извини и порача дека се надева да продолжиме со евровизиското патување со позитивност.
Андреа Коевска пред малку ја одржа втората проба во салата „Пала Олимпико“ во Торино, а фотографиите и видеото од настапот ни најавуваат како ќе изгледа и звучи во евровизиското полуфинале.