Шпанскиот заводник Енрике Иглесијас на неколку концерти има покането обожавателки на сцена и ги има изненадено со нежен бакнеж в уста. Познатиот пејач објасни дека го прави тоа само кога е во добро расположение и дека неговите бакнежи никогаш не вклучуваат јазик.
Шармантниот Енрике Иглесијас реши да нè изненади со дует со сексапилната пејачка од Pussycat Dolls, Никол Шерцингер. Двајцата успешни пејачи ги здружија своите вокални способности за да ја создадат меланхоличната песна „Heartbeat“. Слушнете ја тука.