Музика „Дишам“ – новата песна на ДААН инспирирана од моментите на колективна тага и тишина која настана по трагичниот настан во Кочани Македонскиот автор и артист Дарко Андонов – ДААН ни ја претставува својата најнова авторска песна „Дишам“, емотивна композиција која зборува за човечката ранливост, тишината што останува по загубата и потребата повторно да се пронајде светлина.