Алек Болдвин вчера ја доби 2433-тата ѕвезда на познатата холивудска Патека на славните. 52-годишниот актер со гордост го прими признанието и изјави дека е најсреќен што неговата ќерка со Ким Бесинџер ќе може да се пофали дека и двата нејзини родители имаат добиено ѕвезда.