• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Symphony пристигна: Погледнете ја канцеларијата во Скопје во која би сакале да работите

1 октомври 2019, 12:07
  • cподели

Меѓународната ИТ компанија Symphony, со канцеларии кои се протегаат од Сан Франциско, Амстердам, Берлин, па сè до Сараево, Белград и Нови Сад, минатата недела официјално ја отвори својата канцеларија и во Скопје. Во пространа работна површина лоцирана на горниот кат на центарот Соравија, Symphony носи возбудливи проекти и уникатна култура во Скопје.

Symphony Symphony

За време на забавата што се одржа во нивната канцеларија во Соравија, а по повод отворањето, Харис Мемиќ, извршен директор и основач на Symphony го сподели своето видување и големите планови за Symphony во иднина: „Ова е само почеток, допрва следува најдоброто од Symphony. Ова е едно прекрасно искуство и навистина сме нетрпеливи да видиме како овие луѓе професионално се развиваат со нас. Во нашиот случај, единствениот начин да се успее е да бидеме опкружени со добри и мотивирани луѓе. Тоа се луѓето кои веруваат во она што го правиме и луѓето кои ќе ни помогнат да направиме разлика тука. И тоа е она што навистина го очекуваме - да ги запознаеме и да им посакаме добредојде во нашата заедница.“

Symphony

Игор Николовски од Symphony Скопје го сподели својот ентузијазам и возбуда поради тоа што конечно можеше да им посака добредојде на сите во новата канцеларија: „Навистина сме среќни што со многумина од вас вечерва го прославивме првиот и најголем чекор на Symphony Скопје. Сигурни сме дека ќе славиме многу други достигнувања во иднина, но ова е навистина посебно за сите нас. Да наздравиме за Скопје и за неверојатното добредојде што го имавме со сите од вас.“

Symphony

Бизнис хабовите на Symphony во Сан Франциско, Амстердам и Берлин се одговорни за носење на предизвикувачки и интересни проекти за заедниците во Сараево, Белград, Нови Сад и Скопје. Она што од Symphony го потенцираат е фактот дека нивните инженери секогаш се во потрага по проекти кои им помагаат на луѓето и ги подобруваат нивните животи, како и предизвикот од технички аспект. Дел од многуте проекти на кои тие работат се промена на приватната авионска индустрија со оптимизирање на распоредот и обезбедување на зголемен пристап до непрекинати дестинации и недоволно опслужени локации по најдобра можна цена, како и развој на напредни алгоритми во здравствената индустрија кои ја револуционизираат дијагностиката и процесите на лекување.

Symphony

Нивната мисија е да обезбедат здрава и инспиративна работна средина за членовите на нивниот тим. Силно верувајќи дека среќните и задоволни луѓе се во можност да постигнат речиси сè, тие секојдневно ја негуваат тимската работа во друштво на свежо зготвеното јадење подготвено од „Симфонискиот готвач“, со посети на други хабови на Symphony и клиенти, и со фокусирање на индивидуалните потреби на секој вработен без разлика дали е тоа тренинг, медитација, масажа, кодирање, спорт, патување, доживотно учење или нешто друго - сите тие имаат можност да работат на тоа овде, во Symphony.

Повеќе информации за Symphony може да најдете тука.

Комерцијален текст

Tags
Symphony

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.