• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Стопанска банка го овозможи Apple Pay за своите клиенти - безбеден и сигурен начин на плаќање преку Apple уреди

20 јануари 2026, 16:41
  • cподели
Apple Pay во Стопанска Банка

Стопанска банка од денеска на своите клиенти им го овозможува Apple Pay за брз, едноставен и безбеден начин на плаќање со своите Visa и MasterCard платежни картички користејќи Apple уред.

За користење на Apple Pay и дигитализација на VISA и MasterCard платежните картички, потребно е клиентите да ја преземат бесплатната мобилна апликација Apple Wallet, а поради засилената автентикација мора да се и активни корисници на мобилната апликација на Стопанска банка.

Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со идентификација на лице (Face ID), идентификација преку допир (Touch ID) или лозинка на уредот. Со Apple Pay може да се плаќа на сите продажни места кои имаат ПОС терминал со бесконтактен читач и прифаќаат бесконтактно плаќање, како и на интернет-страници и апликации кои прифаќаат Apple Pay. И подигнувањето на готовина од банкомати е овозможено на уредите што имаат бесконтактен читач, без потреба од самата физичка картичка.

Безбедноста и приватноста се основните начела во функционирањето на Apple Pay. Кога клиентите користат дигитализирана дебитна или кредитна картичка со Apple Pay добиваат слобода и се спокојни, затоа што бројот на платежната картичка никогаш нема да биде зачуван на уредот или на серверите на Apple и никогаш нема да биде споделен со трговците. 

Apple Pay користи NFC технологија (комуникација во близина) за плаќања во продавница и го заштитува вашиот вистински број на картичката со користење на уникатен број специфичен за уредот и код за трансакција.

Со овозможување на услугата Apple Pay, Банката дополнително ја зајакнува својата стратегија за дигитална трансформација и ја збогатува понудата на иновативни дигитални банкарски решенија.

Повеќе информации околу користењето на Apple Pay се достапни на веб страницата на Банката: Стопанска Банка - Apple Pay како и видео упатствата за користење. 

 

Tags
Стопанска банка

Најнови

  • Стопанска Банка Apple Pay

    Стопанска банка го овозможи Apple Pay за своите клиенти - безбеден и сигурен начин на плаќање преку Apple уреди

    Tue, 01/20/2026 - 16:41
  • IQOS оглас за работа

    Дали си ти следниот IQOS BRAND AMBASSADOR во твојот град?

    Tue, 01/20/2026 - 15:00
  • Шехерезад и Онур од „1001 ноќ“: Бергузар Корел и Халит Ергенч заљубени на свеченост во Истанбул

    Tue, 01/20/2026 - 14:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.